Ессе е фамилијарна компанија со долгогодишна традиција и искуство од три децении во oдгледувањето на овошје и зеленчук, со плантажи кои лично ги поседуваме низ целиот Балкански регион. Исто така, тесно соработуваме со занаетчиите и земјоделците и одгледуваме богатство од внимателно избрани производи кои ја претставуваат сржта на нашиот опсежен избор на пијалоци и конзервирани производи

Како фамилијарна компанија, се трудиме да се осигураме дека нашите постапки денес се однесуваат за утре, особено во креирањето можности за иднината, не само за нашата фамилија, но и за заедницата во која живееме и за партнерите со кои работиме.

ШТО НЕ ПОТТИКНУВА?

  • Посветени сме на одржливо производство на храна и секогаш ќе даваме предност на локалното снабдување со овошје и зеленчук
  • Ессе работи по принцип на филозофијата: „Од семе до стомак“, и секогаш кога е возможно, се трудиме да бидеме директно вклучени во изборот на семиња, сеењето, растењето, жетвата и преработката на овошјето и зеленчукот. Во случај кога производите се набавени од други добавувачи, ги посетуваме сите добавувачи за да се осигураме дека истите ги исполнуваат највисоките социјални стандарди и оние за животна средина при преработката на производите.
  • Работиме по принципот на „Фер трговија“ со тоа што предност даваме на занаетчиите и земјоделците пред остананатите добавувачи.
  • Се трудиме да ги отстраниме сите пестициди и засилувачи на раст од нашиот ланец на снабдување како и други постапки кои се штетни по животната средина, во рок од три години.
  • Во тој период, целосно ќе го отстраниме преработениот шеќер од сите производи и таму каде што е возможно, истиот ќе го замениме со одржливи природни алтернативи.

ESSE DOOEL
Vizbegovo Industriska Zona
Kacanicki pat 168, 1000 Skopje
+389 (2) 262 0540
info@esse.mk